ПОВЕЌЕ

    Европската комисија изјави дека технолошките гиганти треба да плаќаат повисоки даноци затоа што тие се „победниците“ на пандемијата

    Време зa читање: 3 минути

    Европска комисија: Технолошките гиганти треба да плаќаат поголеми даноци

    Европскиот комесар за економија и оданочување Паоло Џентилони порача дека технолошките компании се всушност „победници“ во пандемијата со коронавирусот, со оглед на нивната заработка. Согласно тоа тие треба да плаќаат повисок данок во Европа.

    Оваа вест ја објави „CNBC“ со информација дека Џентилони на оваа тема разговарал на Форумот на Европската куќа „Абросети“, а неговиот коментар следи по опипливиот раздор меѓу САД и ЕУ во врска со оданочувањето на големите технолошки гиганти како „Apple“, „Alphabet“ и „Amazon“.

    Џентилони, истакнал дека е невозможно да се прифати фактот дека технолошките гиганти кои се победници во оваа криа, не плаќаат значителена сума во даноците во Европа.

    Европската комисија во 2018 година предложи дигитален данок од 3%, тврдејќи дека даночниот систем треба да се ажурира согласно дигиталното доба. Меѓутоа, Белата куќа рече дека дигиталниот данок е неправеден, бидејќи нерамомерно влијаел врз американските компании.

    Во исто време, Европската комисија се изјасни дека дигиталните компании во просек би требало да плаќаат 9,5% данок во споредба со 23,2% колку што плаќаат традиционалните компании.

    Меѓутоа, по пандемијата со коронавирусот, технолошките компании остварија огромни заработки, особено поради масовното работење од далечина што го практикуваа речиси сите компании и институции, а високи беа приходите и од купувањето технолошки уреди и симнување бројни апликации.

    Технолошките гиганти, благодарение на нивните платформи, се прогласени за победници во оваа криза, имајќи го предвид економскиот аспект“, рече Џентилони.

    Во меѓувреме, на владите очајнички им се потребни дополнителни средства, а наметнувањето нови даноци е еден од клучните начини да се постигне тоа.

    Во тој контекст, ЕУ бара да се предложи нов дигитален данок за 2021 година, ако пропаднат преговорите на ниво на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) која брои 37 членки.

    Ако не оствариме пристојни резултати на глобално ниво, Европската комисија следната година ќе излезе со свој предлог“, рече Џентилони.

    Дополнителен удар беше повлекувањето на САД од преговорите во јуни, што предизвика сомнеж дека ќе има каков било напредок годинава.

    Џентилони истакна дека е постигнат одреден напредок, но дека претстојните претседателски избори во САД влијаеле врз тој процес.

    Ова е изборна година во САД и мислам дека тоа има влијание. И покрај тоа, ЕУ би требало да инсистира на итно глобално решение“, порача Џентилони.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично