Дивиденда остварена од минатогодишното работење, во бруто износ 11.501.700 денари, односно 185,9 илјади евра, ќе поделат акционерите на скопска „Европа“ АД. Акцијата е во бруто износ од 50 денари. Одлуките треба да бидат потврдени од страна на учесниците на Годишното собрание закажано за 12 мај.
Исплатата ќе се врши во готовина, а парите најдоцна до 30 сепетември ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на акционерите.
„Европа“ лани забележа нето добивката од 677,7 илјади евра (41.918.642 денари). Според предложената одлука за распределба, освен средствата за исплата на дивиденда, поголемиот дел во износ од 491,7 илјади евра (30.416.942 денари) остнува како нераспределена добивка.