Двајцата Грци на 28.10.2015, како основачи и сопственици на правното лице, донеле одлука за задолжување на друштвото со рамковен револвинг кредит од банка, кој го склучила Н.Ц., како управител. Врз основа на рамковниот револвинг кредит, на 31.10.2017 прво и второпријавените битолските банкари ја искористиле можноста за прекумерно задолжување и склучиле договор за краткорочен револвинг кредит на износ од 30.900.000 денари. Во наредните четири месеци вршени се исплати по договори за краткорочни денарски и девизни кредити во вкупен износ од 696.000 евра, кои не ги употребиле за нови инвестиции, туку за лична потрошувачка.