ПОВЕЌЕ

    Еве кои производи за деца се штетни по нивното здравје

    Време зa читање: 5 минути

    Компанијата Мател има постигнато планетарен успех благодарение на куклите Барби кои ги има во скоро сите семејства каде што растат девојчиња. На почетокот од оваа недела, компанијата објави дека активно ќе ги брани океаните од најголемиот загадувач на вода – пластиката. Компанијата започна со производство на Барби од рециклирана пластика, а суровината за правење кукли беше извадена од океанот.

    Нема сомнение за мисијата на компанијата, која сака да ја подигне еколошката свест правејќи играчки од рециклирани материјали, имајќи го предвид фактот дека нивните производи се продаваат секој ден низ целиот свет. Сепак, во извештајот пренесен од водечките светски медиуми, не беше прецизиран хемискиот состав на рециклираната пластика од која се направени куклите. Оваа информација е една од најважните кога станува збор за безбедноста и здравјето на децата.

    Причината за радост предизвукува ризик по здравјето на децата

    Најголемата опасност со која се соочуваат децата се опасните хемиски супстанции. Најчесто се додаваат на рециклираната пластика за да ја омекнат и да ја направат флексибилна, што всушност е својствено кај повеќето детски играчки. Без адитиви, пластиката би била тврда и кршлива, а мекиот ПВЦ е еден од главните загадувачи на животната средина.

    „Ова се играчки кои содржат поливинил хлорид. Рециклираната пластика се препознава по триаголникот со бројот три. Омекнувачите, соединенија од групата фталати, се додаваат за да се направи мек материјалот од кој се направени играчките. Се покажа дека тие негативно влијаат на репродукцијата, плодноста и развојот на фетусот. Кога станува збор за хемиски супстанции кои се наоѓаат во играчките, Србија во повеќето случаи е усогласена со регулативите на Европската унија “, изјави програмскиот директор на Алтернатива за побезбедни хемикалии и магистер по биохемија, Јасминка Ранџеловиќ.

    Таа исто така изјави дека фталатите спаѓаат во групата на таканаречени ендокрини загадувачи. Децата на возраст до пет години се особено изложени на штетни материи, бидејќи нивниот организам сè уште се развива невролошки и хормонално.

    Од каде потекнуваат играчките?

    Според податоците на Републичкото биро за статистика, Србија има увезено најмногу играчки од Кина во текот на последните три години. Само во 2021 година, вредноста на увозот на играчки произведени во оваа азиска земја е 28,5 милиони евра. Кога станува збор за земјите од Европската унија, на полиците во продавниците во Србија, најчесто се наоѓаат играчките од Чешка, а вредноста на увозот во 2020 година е нешто помалку од два милиони евра.

    Анализите на хемискиот состав на играчките се прават во лаборатории кои имаат акредитирани методи за тестирање на омекнувачите. Најчесто тоа е Институт за јавно здравје Батут, а тестовите се вршат во лабораторијата на Градскиот институт за јавно здравје Белград.

    „Забраната за присуство на фталати во играчките е во сила и тие не смеат да бидат во нив со процент поголем од 0,1. Контролата ја врши Министерството за здравство, односно санитарната инспекција. После секоја анализа на производот од пазарот, ги доставуваме целосните информации до Санитарната инспекција и бараме вонредна инспекција. Ова беше сторено и по повод истражувањето што го направивме за потребите на публикацијата “Играчка плачка”. Санитарната инспекција направи поголем број примероци од оној што ние го пријавивме. Опасните играчки се повлечени од пазарот “, објаснува Ранџеловиќ.

    Како опасните играчки го загрозуваат здравјето на детето?

    АЛХем е компанија со назив „Играчка плачка“, која сакаше да го привлече вниманието за штетноста на хемикалиите во играчките кои директно ги загрозуваат најмладите. Децата се многу чувствителни за време на изложеноста со опасните хемикалии отколку возрасните, бидејќи тие имаат поголема површина кожа во однос на нивната тежина, поголем капацитет на белите дробови и побрз метаболизам. Постои ризик од внесување поголема количина опасни хемикалии во време кога нивниот имунолошки и невролошки систем сè уште се развива.

    „Сите опасни играчки повлечени од санитарната инспекција се наоѓаат во базата на податоци на небезбедни производи наречени Непробаза. Потрошувачот има право да се отповика, ако купил една од играчките регистрирани во базата на податоци. Клиентот може да ја исконтактира продавницата, да ја врати играчката и да му ги вратат парите. Малкумина ја познаваат и користат Непробаза, која е направена според европската база на податоци за небезбедни производи во рамките на информацискиот систем RAPEX “, објаснува Ранџеловиќ.

    Апликации за откривање на штетни производи

    Покрај базите на податоци за небезбедни производи што им се достапни на потрошувачите ширум Европа во дигитален формат, има и апликации за мобилни уреди. Тие се направени за да се олесни изборот и купувањето производи кои ги исполнуваат пропишаните стандарди во однос на нивните хемиски својства и се безбедни за употреба.

    Апликацијата Scan4Chem е достапна за корисниците на уреди со Android и Apple. За време на купувањето, клиентите добиваат информации за тоа дали предметите за општа употреба содржат опасни материи.

    „Тоа е апликација за паметни уреди што го скенира баркодот на производот и автоматски испраќа барање до производителот на играчки. Компанијата има законска обврска да одговори дали има хемикалија во тој производ. Доколку производителот внесе информации за хемискиот состав на производот во базата на податоци, клиентот може да ја провери безбедноста на играчката во продавницата “, објаснува Ранџеловиќ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично