ПОВЕЌЕ

    Evapify Group го засилува присуството на домашниот пазар со ALMA-M како ексклузивен дистрибутер

    Време зa читање: 2 минути

    Европскиот гигант за алтернативни никотински производи  Evapify Group, ексклузивен увозник на премиум брендовите Crystal, GeekBar и Drooly, го назначи водечкиот трговец на големо и мало ALMAM за овластен партнер и дистрибутер во Северна Македонија, отворајќи ново поглавје во развојот на пазарот на вејпови и никотински кесички.

    Evapify Group, водечка швајцарско-полска групација во сегментот на алтернативни никотински производи, потпиша стратешко партнерство со ALMAM, компанија со повеќе од три децении искуство во трговијата на големо и мало, која важи за една од најуспешните компании на Балканот.

    Со оваа соработка, ALMA-M станува ексклузивен дистрибутер на премиум производите од портфолиото на Evapify, меѓу кои се глобално препознатливите брендови CrystalGeekBar и Drooly. Партнерството означува почеток на нова развојна фаза, со фокус на проширување на пазарната покриеност, имплементација на современи логистички решенија, како и целосна усогласеност со европските регулативи и македонското законодавство.

    Производите задолжително поминуваат низ ригорозниот процес на регистрација во Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Царинска управа на Република Северна Македонија, со поставување на соодветна македонска бандерола и регулирани внатрешни и надворешни упатства за употреба.

    Ова е природна надоградба на нашето повеќегодишно присуство на македонскиот пазар. Со ALMA-M добиваме сигурен и стабилен партнер, етаблиран на локалниот пазар, со чие искуство и доверба кај клиентите, заеднички ќе ги подобриме и зацврснеме нашите позиции на пазарот“ – изјави  Дејан Манев, Country Director на Evapify за Македонија.

    Соработката се темели на заедничка цел – обезбедување поголема достапност и повисок квалитет за потрошувачите.

    Evapify е групација со пазарно присуство на три континенти, која нуди иновативни, премиум производи развиени според европската TPD директива и највисоките глобални стандарди. Горди сме што заедно го подигнуваме нивото на достапност и квалитет на оваа категорија висококвалитетни производи на домашниот пазар“ – истакна Генералниот директор, Ивица Петровиќ од ALMAM.

    Стратешкото партнерство помеѓу Evapify и ALMA-M носи нови стандарди на пазарот со квалитетни алтернативни никотиниски производи во Северна Македонија. Ваквиот заеднички пристап дополнително ќе ја зајакне достапноста на премиум брендовите и ќе придонесе за понатамошен, долгорочен развој на целата индустрија во земјата.

    Повеќе информации за Evapify погледнете на https://evapify.mk/

    Комерцијален текст

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично