ПОВЕЌЕ

    „Еурохаус“ со промет од над две милијарди денари најдобра брокерска куќа во 2023

    Време зa читање: 2 минути

    Промет во износи што се бележат со милијарди денари реализирале четири членки на Македонската берза, како краен исход од минатогодишните купопродажни берзански активности. Нивните остварувања се во распон од над една до над две милијарди денари.

    Податоците од годишниот статистички билтен на Македонска берза покажуваат дека НЛБ банка со класичното тргување и преку блок трансакции има вкупен промет од 1.005.576.099 денари (16,3 милиони евра). Со тој резултат е прва што го надминала прагот од милијарда денари, а четврта во друштвото членки со најголем промет.

    Како трето и второпозиционирани следуваат Комерцијална банка со 1.602.225.487 денари (26 милиони евра) и „Илирика Инвестментс“ со 1.832.670.049 денари (29,8 милиони евра).

    Со вкупен промет од 2.266.025.744 денари (36,8 милиони евра) четворката ја предводи брокерската куќа, која и во 2023 се потврди како најдобра – „Еурохаус“ АД Скопје.

    Учеството на „Еурохаус“ во прометот на класичното тргување е 19,33 проценти со остварените 1.117.248.244 денари (18,16 милиони евра). Кај блок трансакциите има уште подоминантен удел – од 33,25 проценти, односно со 1.148.777.500 денари (речиси 18,7 милиони евра).

    Бројките упатуваат на тоа дека клиентите најмногу ги користеле услугите на оваа брокерска куќа при купувањето и продажбата на хартии од вредност – акции или обврзници. Брокерите и инвестициските советници солидно го одработиле својот дел од обврските, со што „Еурохаус“ го зголемува пазарно учество во тргувањето на Македонската берза. И веќе се промовира како предводник на пазарот на капиталот во државата.

    Акциите на Комерцијална банка и на „Алкалоид“ и натаму без конкуренција

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично