По повод 25-тата годишнина од основањето на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје, брокерската куќа Еурохаус АД Скопје се приклучи кон иницијативата за организација на првиот „Инвеститорски ден“, а која е поддржана и од останатите институции – чинители на пазарот на хартии од вредност.
Еурохаус АД Скопје ќе им овозможи на сите свои постојани клиенти – домашни физички лица на ден 18.09.2020 година да тргуваат на Македонската берза без надоместоци во висина до 10.000 евра во денарска противредност по индивидуален клиент, за склучени нормални трансакции на берзата.
Како една од водечките брокерски куќи на македонскиот пазар на капитал, Еурохаус успешно функционира веќе 12 години, стекнувајќи високо реноме меѓу своите клиенти и помеѓу останатите учесници на пазарот на капитал. Во насока на интензивирање на тргувањето на домашниот пазар на капитал, подигнувањето на нивото на едуцираност и интерес за инвестирање во домашните хартии од вредност, Еурохаус АД Скопје даде поддршка на иницијативата.
Еурохаус АД Скопје Ве поканува да земете учество на првиот Инвеститорски ден и да ја искористите можноста за активно тргување на Македонската берза.