ПОВЕЌЕ

    Во ЕУ стапката на невработеност во април изнесуваше 6,6 отсто

    Време зa читање: 2 минути

    Стапката на невработеност во Европската Унија во април изнесуваше 6,6 отсто, објави денеска Агенцијата за статистика на ЕУ.

    Како што соопшти Евростат, стапката на невработеност во април се зголемила на 6,6 од 6,4 отсто во претходниот месец, додека е помала во однос на истиот месец минатата година, кога изнесуваше 6,8 отсто.

    Во меѓувреме, стапката на невработеност во еврозоната изнесуваше 7,3 отсто, во однос на 7,1 отсто во март.

    Во соопштението на Евростат се вели дека рестриктивните мерки воведени од почетокот на март поради пандемијата на Ковид-19 предизвикале нагло зголемување на бројот на барања за парични надоместоци за невработените низ ЕУ.

    „Во однос на март 2020 година, бројот на невработени во ЕУ се зголеми за 397.000, а во еврозоната за 211.000“, се додава во соопштението.

    Речиси 14,1 милион мажи и жени во ЕУ, од кои 11,9 милиони во еврозоната, останале без работа во април.

    „Стапката на невработеност во ЕУ во април оваа година изнесуваше 6,8 отсто за жените и 6,4 отсто за мажите“, се додава во соопштението.

    Од Евростат исто така се додава дека околу 2,78 милиони невработени во ЕУ во јануари биле млади лица под 25 години, што изнесува стапка на невработеност на младите од 15,4 отсто.

    Чешка е земја членка на ЕУ со најниска стапка на невработеност, 2,1 отсто, по која следуваат Полска со 2,9 отсто и Холандија со 3,4 отсто.

    Највисока стапка на невработеност во ЕУ во април е забележана во Шпанија, 14,8 отсто и во Латвија, 9 отсто. Невработеноста во Хрватска изнесува 8,1 отсто, а во Словенија, 4,6 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично