ПОВЕЌЕ

    Етериум со нова рекордна цена

    Време зa читање: < 1 минутa

    Втората најпопуларна криптовалута, Етериум, се искачи над 6 проценти, на нов рекорд од 2.123 долари. Тоа беше петти последователен раст на оваа криптовалута. Цената скокна околу 20 проценти во текот на неделата по одлуката на Виза да ги олесни трансакциите на мрежата на блокчејн.

    Етер, матичната крипто валута за Етериум, оваа година скоро ја зголеми тројно својата цена.

    Во соопштението во понеделникот, гигантот за плаќање Виза соопшти дека работи на програма за решавање на трансакции во стабилна валута преку Етереум со својот партнер Crypto.com.

    Виза се одлучи за проектот откако неколку големи финансиски компании, вклучувајќи ги Mastercard, BNY Mellon и BlackRock, овозможија плаќања со криптовалути, а аналитичарите заклучија дека крипто-валутите ќе станат составен дел од портфолиото за инвестиции.

    Познатиот инвеститор Марк Кубан, домаќин на „Тенк Ајкула“ на Си-Ен-Би-Си и сопственик на професионалниот кошаркарски тим Далас Маверикс, исто така рече дека во една неодамнешна епизода на подкастот бил оптимист за криптовалутите, вклучително и биткоинот, но дека Етереум е најблиската валута.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично