ПОВЕЌЕ

    Есенска вечер на вкус и елеганција, Peyrassol Wine Tasting & Food Pairing во SushiCo Дебар Маало

    Време зa читање: 2 минути

    На 26 ноември, во уникатниот амбиент на SushiCo во Дебар Маало, љубителите на виното ќе уживаат во ексклузивна вечер посветена на француското винско совршенство Peyrassol.

    Под внимателна организација на Alchemist MK, официјален увозник на вината Peyrassol во Македонија, гостите ќе имаат можност да вкусат четири одбрани вина од реномираната француска винарија, совршено споени со гурмански јадења подготвени од мајсторите на кујната на SushiCo.

    Во текот на вечерта ќе се дегустираат четири вина од познатата винарија:
    Château Peyrassol Rosé, Lou White, Lou Rosé и La Croix Blanc, секое со своја елеганција, текстура и приказна, што ја пренесува топлината на сончевата Прованса.

    Настанот ќе биде збогатен со присуство на специјалните гости Karim Chauvin и Alban Cacaret кои ќе нè поведат низ времето и традицијата на Peyrassol. Винарија со историја која дише уште од XIII век, каде виното се создава со почит, страст и деликатна уметност.

    Атмосферата ќе ја заокружи музичка програма со DJ, внесувајќи современ ритам во оваа сензуална фузија на француска елеганција и азиска креативност.

    Вечер исполнета со стил, вкус и инспирација, за оние кои знаат дека секоја голтка може да биде уметност.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично