EOS Matrix, дел од Групацијата EOS, на почетокот на декември оваа година ќе ги презентира и објасни веќе објавените резултати на истражувањето „Европски платежни навики“ спроведено во 16 земји од Западна и Источна Европа.
- Резултатите покажуваат: Една од пет компании во Европа стравува за својот опстанок поради тоа што клиентите доцнат или воопшто не ги плаќаат побарувањата.
- Истражувањето е вреден увид за EOS Matrix и компаниите во Групацијата ЕОЅ кои фокусирано работат на својата цел: „Да ги менуваме финансиите кон подобро“.
Истражувањето „Европски платежни практики“ се спроведува од 2007 година и го оценува расположението на меѓународната економија.
Оваа година, EOS го спроведе тринаесеттото по ред истражување во 16 земји од Западна и Источна Европа: Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија и Обединетото Кралство.
Наодите на истражувањето покажуваат дека секој петти клиент во Западна Европа и секој четврти во Источна Европа доцни или воопшто не ги намирува своите обврски. EOS Matrix ќе ги објасни наодите на истражувањето кое се спроведе во Европа и ќе се осврне на предизвиците со кои се соочуваат домашните компании и поединци во врска со доцнењето во наплатата на своите побарувања.
„Наодите покажуваат дека просечниот рок на плаќање во земјите каде е спроведено EOS истражувањето бил продолжен од 33 дена во 2019 година на 37 дена во 2022 година, што е сепак за многу повеќе отколку во претходните години кога во просек, неплатените фактури ги подмирувале 23 дена по истекот на рокот за плаќање. Рокот за плаќање во 2022 е на највисоко ниво од 2014 година.“ споделува д-р Катерина Бошевска, генерален директор на EOS Matrix.
Истражувањето „ Европски платежни навики“ се фокусира на многу повеќе отколку само на бројки. Истото дава информации за причините за овие бројки и влијанието врз поединечните целни групи: клиентите (компании) кон кои се должат средства, и поединците (граѓаните) кои доцнат со намирување на своите побарувања кон компаниите. „Ова истражување е вреден увид во состојбата со која се соочуваат компаниите и поединците во Европа. Земајќи ги овие наоди во предвид, можеме подобро и поефикасно да се подготвиме и да се соочиме со предизвиците. Заканата за сериозни последици на долг рок коишто значително ќе влијаат на економската состојба во Европа, дополнително ја зајакнува нашата улога во процесот на професионално управување со побарувањата.“
„Несомнено е дека една ваква анализа ни е потребна за домашниот пазар. Низ годините, ние фокусирано работиме на кревање на свеста за значењето на овие бројки, за причините за нивната промена и можностите кои ги нудат за понатамошен напредок.“ – изјави д-р Катерина Бошевска.
„Нашиот фокус е да покажеме одговорност, да делуваме во согласност со постоечката регулатива, но и да делуваме истовремено во корист на клиентите, на партнерите и на поединците. Силно се залагаме за строги и обврзувачки стандарди и одговорен кодекс. Бидејќи само така ќе можеме да продолжиме кон нашата цел: преку услугите кои ги нудиме да ги менуваме финансиите кон подобро.“ – вели д-р Бошевска. „Одговорната наплата е една од нашите јадрени вредности. Но, наплатата е само еден начин. Важно е како се применува. Токму по тоа се разликуваме ние, за нас е важно наплатата во целост да ја отсликува нашата заложба кон изнаоѓање заеднички, одржливи решенија кои на нашите корисници кои доцнат со плаќање ќе им обезбедат долгорочно и најповолно решение за состојбата во којашто се наоѓаат. Нашата цел е преку интеракција која е заснована на взаемна почит и разбирање, да создадеме решенија кои ќе ги ослободат поединците од сопствените долгови.“ .
„Неуморно работиме да го промениме разбирањето за тоа што е во суштина бизнисот за професионално управување со побарувања. Наплатата на побарувања е само еден сегмент. Затоа и често не мешаат со агенциите за наплата на побарувања.“ истакна д-р Бошевска.