ПОВЕЌЕ

    Елон Маск: Интернет „Старлинк“ ќе пристигне за „неколку години“

    Време зa читање: 2 минути

    Поради зголемената популарност на Starlink Internet SpaceX, производството на сателити се зголеми, а аналитичарите велат дека станува збор за брзина што досега не е забележана во вселенската индустрија. Илон Маск неодамна објави дека овој интернет може да стане целосно функционален во следните неколку години, што треба да донесе супер-брз интернет на сите делови на светот, дури и на оние корисници на кои им е најпотребен.

    Така, сега се произведуваат 120 сателити месечно, и илјадници терминали во кои се инвестирани 70 милиони долари. Досега се инвестирани стотици милиони долари во „Старлинк“, а целта е да се изградат дури 12 000 сателити, што ќе им овозможи на корисниците да го користат новиот Интернет. Компанијата досега лансираше повеќе од 700 единици, а на Земјата се градат станици, со терминали што ќе ги поврзуваат корисниците со оваа мрежа.

    Сега се зборува за првична јавна понуда (ПЈП), кога акциите на Старлинк ќе бидат понудени за прв пат – како што вели Маск, за неколку години, кога приходите ќе се стабилизираат. На инвеститорите во февруари им беше кажано дека „Старлинк е добра инвестиција“, но по само еден месец сè забави, бидејќи тогаш беше објавено дека Старлинк ПЈП не е приоритет и дека ќе се внимава само компанијата да не банкротира.

    Маск сега уште еднаш верува дека Starlink може да биде еден од потенцијално најголемите извори на приходи за SpaceX, а како и во 2019 година, тој проценува дека може да донесе дури 30 милијарди долари годишно. Тие пари ќе бидат искористени за производство на уште повеќе сателити и ракети и за финансирање на сите мисии на SpaceX. Далеку е од банкрот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично