Странска филијала претставува домашно претпријатие контролирано од нерезидентна (странска) институционална единица. Статистиката на странските филијали ја покажува економската активност на резидентните претпријатија во земјата во кои странскиот капитал (од една или од повеќе земји) учествува во вкупниот капитал со над 50 %. Основна цел на овие податоци е да се прикаже учеството на овие претпријатија и нивното влијание во домашната економија.
Најбројни се оние во секторот Трговија на големо и мало и поправка на моторни возила (31.5 %). Најголем дел од вработените, и тоа над 80 %, се ангажирани од секторите Преработувачка индустрија (57.5 %), Трговија на големо и мало (14.0 %) и Информации и комуникации (8.3 %).
Странските филијали се контролирани, главно, од европските земји (78.9 %). Земјите членки на ЕУ контролираат 59.1 % од странските филијали во кои се ангажирани 70.8 % од вработените и учествуваат со 76.0% во додадената вредност.
Економски најважните странски филијали се под контрола на Австрија (15.7 %), Холандија (15.3 %), Обединетото Кралство (10.1 %), Германија (8.9 %) и Унгарија(5.9 %). Нивното учество во вкупната додадена вредност на домашната економија изнесува 19.2 %, што значи дека вкупната додадена вредност е во таа мера под контрола на претпријатијата со мнозински странски капитал.