Која ќе биде новата цена на струјата од август месец!?Регулаторите веќе ги прават пресметките, а барањата на енергетските компании со нивните трошоци Регулаторната комисија за енергетика најави дека ќе ги објави в петок.
Ако се анализираат последните случување, поскапување на струјата дефинитивно очекуваме да има, но колку ќе одлучат регулаторите. Дека цената на оваа енергија ќе оди нагоре неодамна најави самиот премиер Зоран Заев бидејќи мора да се обезбедат финансии за инвестиции во обновливи извори на енергија. Од друга страна речиси без исклучок енергетските компании ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕСМ секогаш барале зголемување на цената на електричната енергија поради како што наведуваат во своите пресметки, зголемените трошоци.
Регулаторите не открива дали цената на струјата ќе расте или не, но велат дека нема да признава трошоци на компаниите кои не се во склоп на дејноста.Лани летото струјата поскапи за нешто на седум отсто.