Банките во еврозоната би можеле да се соочат со потешкотии, доколку се продлабочи економската криза, предупредува шефот на супервизијата на Европската Централна Банка.
„Банките во еврозоната наскоро би можеле да се соочат со тешкотии ако сегашната криза се продлабочи и ги уништи нивните капитални позиции“, изјави Андреа Енрија, претседател на надзорниот одбор на Европската централна банка, за Си-Ен-Би-Си во ексклузивно интервју.
Финансискиот систем го зафати економскиот пад предизвикан од коронавирусот, при што академиците и креаторите на политиките тврдат дека, за разлика од глобалната финансиска криза, заемодавателите се дел од решението за тековниот шок.
„Банкарскиот сектор во евро-зоната е во многу силна позиција да издржи невиден шок“, рече Енрија за Си-Ен-Би-Ен.
Сепак, тој предупреди дека ако кризата се влоши, некои банки, би се соочиле со тешкотии во одржување на нивната усогласеност со минималните капитални барања.
За таа цел подготвени се и две сценарија за излез од состојбите и навремено делување.
Неговите коментари се појавиле веднаш откако ЕЦБ објавила проценка на 86 банки во еврозоната, што покажа дека тие можат да се справат со предизвиците што ги предизвикува пандемијата на коронавирус.