ПОВЕЌЕ

    “Изи Џет” од Скопје за Женева ќе полетува во 15: 45 минути, а еве колку ќе чини картата

    Време зa читање: 2 минути

    Нискобуџетната британска авиокомпанија “Изи Џет” од прво ноември почнува да лета на македонското небо. Првата дестинација ќе биде Скопје-Женева и обратно.

    Според податоците од интернет страницата на оваа авиокомпанија распоред за летање е направен до март месец. Се лета секој понеделник, четврток(освен исклучоците)  и петок, еве како ќе изгледа распоредот на летање:

    Ноември    понеделник, петок

    Декември  понеделник, четврток, петок

    Јануари     понеделник, четврток(само еден во месецов), петок

    Февруари  понеделник, четврток (три пати во месецов), петок

    Март         понеделник, четврток, петок

    Местата за први ноември денот кога прв пат ќе полета речиси сите се веќе пополнети, а според информацијата од нивната страница авионот од Скопје ќе полетува во 15 часот и 45 минути, а во Женева ќе пристигне 18 часот и 10 минути.

    Од Женева за Скопје авионот ќе полетува во 12часот и 50 минути, а во Скопје ќе пристигнува 15 часот и 5 минути.

    Цената на билетот ако во моментов букирате чини 25 од Скопје за Женева и 27 евра од Женева за Скопје.

    Според анализите на ОАГ, во предпандемската 2019 година на релација Скопје – Женева индиректно патувале 3.923 патници, додека лани само нешто над 600 патници.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично