ПОВЕЌЕ

    Двојни цени за дизелот во Словачка – Европската комисија алармира за кршење на правилата

    Време зa читање: 2 минути

    Одлуката на Словачка да воведе различни цени на дизел горивото за домашни и странски возачи е дискриминаторска и спротивна на правото на Европска унија, предупреди Европската комисија.

    Според информациите, возачите со странски регистарски таблички во Словачка плаќаат околу 1,83 евра за литар дизел, што е приближно 20 насто повеќе од цената за домашните потрошувачи. Оваа мерка е воведена за период од 30 дена.

    Портпаролот на Европската комисија, Рикардо Кардозо, истакна дека ваквите мерки мора да бидат усогласени на ниво на ЕУ и не смеат да прават разлика меѓу возачите врз основа на нивното потекло. Тој најави дека Комисијата ќе преземе соодветни правни чекори за да се обезбеди почитување на европските правила.

    Од друга страна, словачкиот премиер Роберт Фицо изрази очекување дека нема да биде покрената формална постапка, бидејќи мерката е привремена. Владата во Словачка ја воведе оваа одлука со цел да ги заштити домашните потрошувачи и да спречи масовно точење гориво од страна на возачи од соседните земји, особено од Полска.

    Слични примери веќе имало во ЕУ. Во 2022 година Европската комисија покрена постапка против Унгарија поради практика со која странските возачи плаќале значително повисоки цени за гориво од домашните, што дополнително укажува дека Брисел има строга позиција кога станува збор за ваков тип мерки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично