ПОВЕЌЕ

    Две места за акциите на „Скопски пазар“ на листата со најголем пад на цената во мај

    Време зa читање: 3 минути

    Акцијата на скопски „Адинг“ со забележаните 40,83 проценти има најголемо нагорно движење на вредноста. Од 1.200 денари во април на 1.690 денари во мај, покажува последниот месечен билтен на Македонска берза. Со ова хартиите од вредност издадени од компанијата со мото „состојка на секоја градба“, се на врвот од листата на акции со најголем пораст на просечната цена.

    Следуваат две акции кои и во април беа впишани една по друга на оваа листа, само тогаш на третата и четвртата позиција.

    Овојпат акцијата на хотелско-угостителската фирма Македонијатуристе на второто место. На последниот ден од април цената била со просек од 5.722 денари, а на крајот од мај 6.491,19 денари. Тоа претставува зголемување од 13,44 насто, врз што најверојатно влијаеле и блок трансакциите преку кои најголемиот акционер го зголеми сопственичкиот удел.

    Ова е втората берзанска статистичка листа, по онаа за топ пет најтргувани акции, на која е запишан скопски Макпетрол“. Тоа му го обезбедува месечниот раст од 7,07 проценти кај просечната цена на акцијата. Достигнат е износ од 78.487,50 денари, за разлика од априлските 73.304,55 денари.

    Месечно зголемување има и акцијата на винарската визба „Тиквеш од Кавадарци – од априлските 6.500 на мајските 6.699 денари. Или, во случајот на познатиот производител на вино, се работи за раст на просечната вредност на акцијата од 3,06 проценти.

    Со растот од 2,75 насто акцијата на Реплекја заокружува оваа петорка. На 30 април акцијата на оваа фармацевтска компанија имала висока просечна вредност од 109.000 денари, а на 31 мај уште повисоки 112.000 денари.

    Другата листа, на која се нотирани акциите со најголем минус кај просечната цена, ја предводи, но и ја завршува Скопски пазар. Станува збор за приоритетните акции, чиј месечен пад е за 29,39 проценти, од 5.665 денари во април на 4.000 денари во мај. А, пак, обичната акција е намалена за три проценти и е на петото место. Априлскиот просек бил 7.000 денари, а мајскиот 6.790 денари.

    Акцијата на Тетекс од Тетово, според последниот берзански билтен, паднала на 2.800 денари, за разлика од април кога изнесувала во просек 2.969 денари. Вредноста е намалена за 5,69 отсто.

    На третата и четвртата позиција се акциите на две банки. Издадените од УНИ банка имаат минус од 3,72 проценти. Просечната вредност од 7.208,42 денари за еден месец се намалила на 6.940 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично