ПОВЕЌЕ

    Душан Пецовски се стекна со 200 акции од Реплек

    Време зa читање: < 1 минутa

    Генералниот директор на Реплек, Душан Пецовски, купи уште 200 обични акции. Сега поседува 12,29 проценти од компанијата со која раководи.

    „Акционер со над 5% Пецовски Душан, воедно претседател на Управниот одбор и генерален директор на Реплек АД Скопје, се стекна со 200 нови акции, со што поседува вкупно 31.850 или 12,29% од вкупниот број на акции“, пишува во известувањето на Реплек, преку Македонска берза споделено со инвеститорската јавност.

    Пецовски повремено купува акции од фармацевтската компанија. Ценовно чувствителна информација со слична содржина имаше и во февруари, кога првиот човек на Реплек купи 30 акции.

    Просечната цена за акција на Реплек е 15.095,02 денари. Вредноста е од 30 јуни, кога последен пат е забележано тргување на Берзата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично