ПОВЕЌЕ

    Државна лотарија: Наводите се тенденциозни – нема разграничување меѓу старото и новото раководство

    Време зa читање: 3 минути

    Во врска со објавените медиумски написи во кои се тврди дека Државниот завод за ревизија утврдил значителни неправилности во финансиското работење на Акционерското друштво за приредување игри на среќа – Државна лотарија на Република Северна Македонија за 2024 година без притоа да се направи јасна и суштинска дистинкција помеѓу периодот на управување од страна на претходното раководство од СДСМ и ДУИ и периодот на работење под новото раководство, Државна лотарија на Република Северна Македонија најостро реагира и го доставува овој демант.

    Објавените наводи се неосновани, тенденциозни и нецелосни бидејќи во нив свесно или несвесно не е направена временска и управувачка разграниченост помеѓу периодот во кој Друштвото било управувано од претходното раководство од СДСМ и ДУИ и периодот во кој управувањето и одговорноста ги презема новото раководство. Таквиот пристап создава погрешна слика во јавноста, која доведува до манипулативно поврзување на констатации од различни временски периоди и претставува сериозно отстапување од принципите на објективно точно и одговорно информирање.

    Особено нагласуваме дека новото раководство веднаш по преземањето на функцијата проактивно и транспарентно се обрати до Државниот завод за ревизија со Барање бр. 02 – 6328/1 од 12.09. 2024 година со кое иницираше целосна ревизија на финансиските извештаи и на целокупното работење на Друштвото со цел утврдување на фактичката состојба идентификација на евентуални неправилности наследени од претходното раководство и воспоставување засилен систем на финансиска дисциплина отчетност и законитост.

    Во тој контекст, селективното пренесување на поединечни делови од ревизорскиот извештај без јасно наведување на временската рамка и одговорното раководство претставува недозволива медиумска интерпретација која директно го нарушува угледот на Друштвото и на актуелното раководство.

    Оттука бараме од медиумите кои објавиле вакви содржини веднаш да ги повлечат или коригираат неоснованите и нецелосно интерпретирани наводи и јасно да направат дистинкција помеѓу периодот на управување на претходното раководство од СДСМ и ДУИ и периодот на новото раководство и да го усогласат својот текст со принципите на вистинито целосно и објективно информирање на јавноста. Во спротивно, Државна лотарија на Република Северна Македонија ќе биде приморана да ги искористи сите расположливи правни средства вклучително и покренување постапки за клевета и нарушување на углед согласно важечките закони.

    Новото раководство на Државна лотарија останува цврсто определена кон транспарентно законито и одговорно работење како и кон целосна соработка со сите надлежни институции но истовремено ќе реагира решително против секој обид за дезинформирање на јавноста и политички или медиумски манипулации.

    Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично