ПОВЕЌЕ

    Доверителите на Топлификација дадоа зелено светло за понудата на Чифлиганец

    Време зa читање: < 1 минутa

    Понудата на Адора инженеринг од 9,3 милиони за Топлификација евра доби зелено светло од Собранието на доверители. Генералниот директор на Адора, Ванчо Чифлиганец претходно изјави дека доколку Собранието на доверители одлучи дека не е задоволно со понудата, Адора инженеринг ќе ја прифати без оглед, односно без разлика дали е позитивна или е негативна за нив како најповолен  понудувач.

    Чифлиганец вели дека нивната идеја била мотивирана од желбата овој бизнис да биде во домашни раце и дека така Адора инженеринг ќе биде прв правен субјект досега што реално платил за овој бизнис. Објаснува дека топланите во градот Скопје се изградени во 60-тите години со тогашни државни пари, а околу 2000-та година, Топлификација АД се приватизира од страна на вработените.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично