ПОВЕЌЕ

    Домашниот пазар ја зголеми добивката на Пелистерка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Добро котираат на домашниот пазар минералната вода и пијалаците од производната палета на Пелистерска. Резултатот од минатогодишното работење е зголемена продажба и нето-добивка повисока за 17,78 насто и износ од 710,6 илјади евра.

    Компанијата во 2025 година остварила раст на оперативните приходи од 5,82 насто, достигнувајќи 7,3 милиони евра. Приходите од продажба се зголемиле за 5,98 насто и изнесуваат 7,26 милиони евра. Притоа, речиси целиот раст доаѓа од домашниот пазар. Приливите од извозот, како што е наведено во билансот на успех, се околу 1.500 евра и се ппроследени со благ еднопроцентен пад.

    Истовремено, оперативните расходи се намалени за 1,22 отсто, на 5,87 милиони евра.

    „Исполнувањето на планот за производство и продажба е на задоволително ниво“, велат од Пелистерка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично