ПОВЕЌЕ

    Доаѓа од Рено, кој е новиот директор на Опел?

    Време зa читање: 2 минути

    Михаел Лошхелер си заминува од позицијата извршен директор во Opel, а на неговото место пристигнува Уве Хохгешурц. Хохгешурц во моментов е извршен директор на брендот Renault за Германија, Австрија и Швајцарија, а од 1 септември ќе ја преземе улогата на шеф во германската компанија.

    Оваа промена доаѓа во време кога групацијата Stellantis ги проширува своите комерцијални активности, вклучително и на кинескиот пазар, како и се влегување во ерата на електрификацијата. Хохгешурц ќе го замени Михаел Лошхелер кој продолжува со нови предизвици надвор од Stellantis.

    Хохгешурц ќе се приклучи на менаџерскиот тим на Stellantis и ќе му одговара директно на извршниот директор на групацијата, Карлос Таварес. Инаку, новиот извршен директор на Opel својата кариера во автомобилската индустрија ја започна во 1990 година во Ford, пред да се приклучи на Volkswagen во 2001 година, а потоа да се пресели во Renault во 2004. Студирал бизнис администрација во Германија, Велика Британија и Франција.

    „Би сакал срдечно да му се заблагодарам на Михаел што воспостави силни одржливи основи за Opel заедно со вработените. Овој импресивен пресврт го трасира патот за претстојниот светски комерцијален развој на брендот. Убеден сум дека Уве успешно ќе го движи ова ново поглавје на брендот Opel, благодарение на неговото повеќе од 30-годишно автомобилско искуство во трговијата. Му посакувам се најдобро на Михаел за неговиот следен чекор во кариерата“, изјави извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично