ПОВЕЌЕ

    До 10.000 евра за 133 мали производители на ајвар, маџун, слатко, масло, јаболков оцет…

    Време зa читање: 3 минути

    Поддршка до десет илјади евра за набавка на опрема ќе добијат 133 мали производители на храна од неживотинско потекло, кои потпишаа договори за грант. Со вкупно 1,2 милиони евра се стимулира производството на македонски традиционални производи – ајвар, маџун, путер од бадеми, јаболков оцет…

    „Доделуваме 133 договори во вкупна вредност од 1,2 милиони евра преку кои даваме грант поддршка која ќе биде исплатена авансно на малите производители на храна од неживотинско потекло за набавка на опрема. Со договорите поддржуваме најразлични традиционални производства на храна, опрема за производство на ајвар, на маџун, на разни слатка, на мармалади, на масло од сончоглед, производство на јаболков оцет, на путер од бадеми, од лешник, сокови од калинка, јаболка, рибизли, потоа набавка на соларни сушари, на машини за пакување на најразличен тип на овошја, зеленчуци и други типови на производи“, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

    Освен тоа, апелираше до корисниците на грантовите да ги следат роковите затоа што се исклучително кратки.

    „Се работи за програма во која авансно ги исплаќаме средствата, но која најстрого ќе се контролира и затоа во рок од 45 дена од склучување на договорите треба да се реализира деловниот план. Нема никаква можност за промена во делот на деловниот план и затоа треба да се фокусираме на реализација и на набавка на тоа што сме го напишале и предложиле во деловните планови“, нагласи министерот.

    Тим лидерот на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка, Горан Димовски, истакна дека во изминатите десеттина години ИМЕ е партнер на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    „Во повеќе наврати ги следиме и придонесуваме во политиките на Министерството преку креирање на Законот за органско производство, преку низа подзаконски акти. Задоволство ми е што бевме дел од тимот во креирање на оваа мерка за поддршка на мали производители за производи од неживотинско потекло. Тоа беше една заедничка заложба во која што учествуваа АХВ и малите производители преку свои претставници од Слоуфуд. На тој начин се дојде до мерка која што навистина одговора на нивните потреби“, изјави Димовски.

    Според него, оваа мерка е од исклучителна важност, бидејќи малите производители ќе можат да обезбедат дополнителна опрема, да ги унапредат условите во кои работат, со што ќе произведуваат и поквалитетно и подобро. Притоа, ќе ги запазат сите стандарди со што нивните производи ќе се безбедни и ќе имаат додадена вредност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично