ПОВЕЌЕ

    Димитриевски: Со својата инженерска прецизност Лабудовиќ ќе биде подобар градоначалник од мене

    Време зa читање: 2 минути

    Мирослав Лабудовиќ е најдобриот можен избор за градоначалник на Општина Центар, кој со своите постигнувања ќе го надмине партискиот лидер. Во емотивен говор на промоцијата на кандидатурата за градоначалник и советничката листа за централната скопска општина, лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, изнесе аргументи за своите тврдења.

    „Иако можеби сме различни по карактер, јас во секој твој збор се препознавам себеси. Ти посакувам да ја шириш таа твоја позитивна енергија низ Центар, низ центарските маала, па и пошироко за да видат луѓето кој е тој Мирослав Лабудовиќ што ја доби можноста да биде кандидат на ЗНАМ во Општина Центар. Фаворит кој на следните избори ќе оствари извонреден резултат. Сакам да ве уверам сите дека со својата инженерска прецизност, заедно со твојот тим, по четири години ќе бидеш подобар градоначалник од Максим Димитриевски, затоа што сум сигурен дека ќе управуваш успешно и ќе нижеш успеси со општината“, нагласи Димитриевски.

    Димитриевски ги повика присутните на конвенцијата со сета енергија што ја поседуваат да тропнат на вратата на секој дом во Центар и да му дадат поддршка на Лабудовиќ, уверувајќи ги граѓаните дека ЗНАМ го има најдобриот можен кандидат што ќе ја предводи Општината во следниот мандат, како и најквалитетните кандидати за советници на нивните листи.

    „Кандидатите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија не се борат за власт. Ние се бориме за одговорност, да преземеме одговорност, да управуваме со општините и да работиме во интерес и за доброто на сите граѓани. Затоа што ние сме излезени од народот, работиме за народот и ќе работиме исклучиво за него, а не на кој било друг начин“, истакна Димитриевски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично