
Професорот Марјан Петрески во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, појаснува дека и општата и базичната инфлација се движат надолу, што значи дека домашните ценовни притисоци полека попуштаат, а монетарната и фискалната политика делува. Во иднина клучно е фискалната да не поттикнува побарувачка со недисциплинирани трошења и популистички мерки. Ако ги избегнеме нови надворешни шокови (енергија, геополитика) и се држиме до фискална дисциплина дома, дезинфлацијата може да продолжи и цените да растат само околу 2,5% во 2026.
„И мислам дека тој процес на дезинфлација, значи го гледам во овие точки и тој мислам дека ќе продолжи до крајот на годината создавајќи основа, следната година ние да очекуваме годишна инфлација која што ќе биде значајно под сегашната…
Тоа е една таква годишна инфлација значи. Затоа повеќе јас периодов се фокусирам на месечната динамика на инфлацијата, ја следам да речам и од тука го заклучувам процесот на дезинфлација е добар и мислам дека тој ќе испорача догодина стапка која што би била околу 2,5 еве да кажеме нешто, можеби над 2,5% се разбира. Тука имам многу претпоставки да речеме отсуство на глобални шокови, подисциплинирано однесување на фискалната политика и така натака…“
Притиснете „Subscribe“ и следете нè
Аналитика








