ПОВЕЌЕ

    Девалвација на повеќе странски валути по падот на цената нафтата

    Време зa читање: < 1 минутa

    Падот на цената на нафтата на светските берзи обесцени некои валути како руската рубља, индиската рупија и канадскиот долар, јавија светските медиуми.

    Американскот долар денеска чини 75 рубли за долар, додека едно евро чини 81.2 рубљи. Иако цената на руската нафта „Јуралс“ не опадна така драстично како американската, рубљата сепак реагира на непостојаноста на нафтените пазари.

    Девалвацијата на рубљата и на некои странски валути како индиската рупија и канадскиот долар настапи откако се дозна дека наскоро нема да има слободни складишта за суровата нафта затоа што нема побарувачка за неа.

    Според некои економисти, зделката во рамките на ОПЕК+ склучена неодамна е неуспешна, бидејќи не може да ја регулира ситуацијата на светските пазари со нафта.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично