ПОВЕЌЕ

    Deutsche Bank го одби барањето да ги сподели податоците за работењето со Трамп

    Време зa читање: 2 минути

    Водечката германска банка „Deutsche Bank“ го одби барањето на сенаторите од американската Демократска партија да даде информации за своето најново работење со американскиот претседател Доналд Трамп, според писмото кое претходно седмицава ѝ било доставено на увид на агенциајта Reuters.

    Четворица сенатори на американската Демократска партија, предводени од Елизабет Ворен инаку неуспешната кандидатка за партиската номинација на ноемвриските претседателски избори, претходно во април од извршниот директор на германската банка Кристијан Севинг побараа поединости за годинешното работење на банката со претседателот на САД, Доналд Трамп, односно со команиите кои се во сопственост на неговото семејство.

    „Deutsche Bank“ е еден од најголемите заемодавачи за хотелите, голф-ресортите и другите активности кои се во сопственост на компании кои ги поседува семејството Трамп, според писмото на американските сенатори. Тие во дописот изразуваат „загриженост“ дека банката „можеби“ на семејството на американкиот претседател му дава „повластени улови“ при отплаќањата на кредитите во време на пандемијата на коронавирусот, а банката е истражувана и од министерството за правосудство на САД во врска со други активности.

    Водството на банката го отфрлил барањето на американските сенатори, образложувајќи ја својата одлука со заштита на приватноста, како и на деловноста, според писмото датирано од 21-ви април, на коешто се повикува Reuters.

    „Се надеваме дека разбирате оти Deutsche Bank мора да ги почитува постојните правни, како и договорни, рамки при толку доверливи информации“, истакнала адвокатската канцеларија „Akin Gump“ којашто ја застапува германската банка.

    Сенаторот Крис Ван Холен, еден од четворицата американски сенатори кои го потпишале барањето, во саботата изјави дека одговорот на банката е „несоодветен и не излегува в пресрет“.

    „Американскиот народ заслужува одговори и сето друго е неприфатливо. Ќе продолжам да ја барам вистината и транспарентност“, напишал Ван Холен во писмената изјава испратена до Reuters.

    Следната седмица Врховниот суд на САД треба да ги сослуша аргументите дали германската банка е должна да ги даде податоците за финансиските работења поврзани со претседателот Трамп, кои ги бараат две комиси на Конгресот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично