Португалската влада го прогласи 4 септември за национален ден на жалост откако вчеравечер една од препознатливите туристички атракции во Лисабон – жолто-белата жичница Елевадор да Глорија – излета од пругата и се урна, одземајќи ги животите на 15 лица и повредувајќи 18, според Асошиејтед Прес, повикувајќи се на службите за итни случаи.
Португалскиот национален институт за медицински итни случаи објави дека меѓу повредените има едно дете, а петмина од повредените се во сериозна состојба. Агенцијата, исто така, забележа дека меѓу засегнатите има неоткриен број странски државјани.
Според АП, возилото се чини дека се судрило со зграда на кривина од шините, предизвикувајќи значителна штета на делови од жичницата. Трамвајот останал настрана, со смачкан покрив и страни. Медиумот соопшти дека властите не дале веднаш причина за несреќата.
Компанијата Карис, која управува со жичницата, изјави дека било извршено закажаното сервисирање и изрази сочувство до жртвите во објава на социјалните мрежи.
Првата светлина над Лисабон ги откри скршените остатоци од жичницата Глорија, нејзините препознатливи жолти вагони во урнатини откако излета од шините и се урна во среда,оставајќи зад себе жртви и повредени. Од 1885 година, жичницата ги превезува локалните жители и посетителите нагоре-надолу неколку стотици метри од стрмната калдрмисана улица што го поврзува плоштадот Рестаурадорес, мнофу често посетуван плоштад во чест на независноста на Португалија од Шпанија, до областа Баиро Алто.
Но, во среда, токму кога започнувал вечерниот шпиц на гужви, еден од неговите два вагона излетал од шините и се струполил на улицата пред да се удри во зграда, објавија локалните медиуми.
Снимките покажаа френетични спасувачки напори додека некои патници беа извлечени од еден од уништените вагони, додека други се качуваа низ прозорците на друг подалеку по пругата среде густ чад.