ПОВЕЌЕ

    Денес ЕСМ ги „отвора картите“ – Колкави сметки за струја ќе плаќаме од први јули?

    Време зa читање: 2 минути

    Денес ќе се реализира аукцијата на кој ЕСМ ќе ја понуди произведената струја на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум по цена од 60 евра за мегават час. Или, за пет насто повеќе од актуелната продажна цена. Освен тоа, ЕСМ нема стопроцентно да ги покрива домашните потреби за електрична енергија, односно се работи за 85 проценти.

    И сосема е извесно дека струјата од први јули ќе е поскапа, иако претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, е дециден дека нема да се дозволи граѓаните да се соочат со ценовен шок. Притисокот врз цената на домаќинствата може да се намали со тоа што малите потрошувачи би се префрлиле на слободниот пазар.

    Иако зголемувањето кај цената на струјата вообичаено повлекува серија поскапувања, лебот отвори дискусија. Според Бислимоски, поскапата струја за домаќинствата нема допирна точка со производството на леб. Големите пекарски компании со закон се обврзани на снабдување со електрична енергија од слободниот пазар, каде што цените не се многу високи. Тоа ја предизвика реакцијата на Горан Ѓорѓиевски од Агробизнис комората, кој му порача – „Јас сум за лебот, ти си за струјата“, воедно укажувајќи дека цената на лебот зависи и од други фактори, а не само од цената на електричната енергија. Цената, посочуваат стопанствениците, зависи од понудата и побарувачката.

    Воедно, од Сојузот на стопански комори проблемот го лоцираа и во ЕСМ – произведува мало количество струја со постојните капацитети и наместо да гради нови и да го зголемува производството, им го отстапува тоа на странски компании кои прават профит.

    Ако барањето на ЕСМ резултира со поскапи сметки за граѓаните, како што изјави мандатарот Христијан Мицкоски, новата влада од први јануари идната година ќе ја врати цената. Сепак, смета декаод први јули сметките на крајните потрошувачи нема многу да се зголемат, бидејќи профитната маржа на универзалниот снабдувач сега е 9,9 проценти, а претходно беше 11 проценти.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично