ПОВЕЌЕ

    Делчо Крастев доби нов мандат во УО на УНИ банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Нов тригодишен мандат како член на Управниот одбор на УНИ банка доби Делчо Крастев. За промените во ова раководно тело, од Банката информираат преку Македонска берза.

    „Со Решениe бр. 15-33457/6 од 24 декември 2024 година од Гувернерката на Народна банка на РСМ, издадена е претходна согласност за именување на г- дин Делчо Крастев за член на Управниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје. Согласноста е издадена  за период од 3 (три) години, сметано од датумот на приемот на Решението“.

    Крастев е извршен директор на УНИ банка АД Скопје, каде што работи од 2003 година. Претходно бил кредитен инспектор во Прва Инвестициона Банка АД Софија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично