ПОВЕЌЕ

    Даринка Буровска: Топ 5 извонредни книги кои ми ја променија перспективата

    Време зa читање: 7 минути

    Како голем поборник за личен раст и развој, една добра навика што ја стекнав за време на „пандемијата“ беше да читам најмалку 30 минути секој ден. Пред ова, најчесто читав технолошки и деловни книги, но тогаш мислев дека е време да почнам да читам книги на различни теми.

    Бев апсолутно изненадена откако ја прочитав секоја од книгите на овој пост, највеќе од фактот дека мојот процес на донесување одлуки, на размислување и перспективата на различни теми целосно ми се променија.

    Оваа нова промена на перспективата ми помогна да го исклучам мојот „брз“ процес на размислување, да бидам потемелна и да спречам да правам повторливи грешки. Ми помогна да станам поефективна,  подобар комуникатор, како во деловниот, така и во личниот живот. Ми помогна да ги отворам моите хоризонти и да предизвикам љубопитност за нови теми кои даваат драгоцено знаење во различни аспекти од нашето секојдневие. Ми помогна да бидам поотворена за учење нови работи и секогаш да бидам подготвена да го „одучам”  она што веќе го знам или мислам дека го знам, но можеби веќе е променето.

    Ми помогна подобро да ги преиспитам моите претпоставки и формирни стереотипи, дури и оние со голема сигурност, и ми даде шанса да бидам поотворена и да бидам подготвена да се прилагодам на брзите промени во денешниот свет на брз развој, технолошки напредок и глобализација.

    Па, да започнеме!

    1. Outliers: Приказната за успехот, од Малколм Гладвел (Outliers: The Story of Success) (купи тука)

    Во оваа книга се запознаваме со факторите кои придонесуваат за високи нивоа на успех, тврдејќи дека тоа не е само резултат на индивидуален талент или напорна работа, туку комбинација на надворешни можности, културни наследства и други фактори. Ја истражуваме идејата дека може да има многу други фактори кои можат да направат некого или нешто „посебни“ на различни начини, методи и пристапи и дека секој може да биде свој Outlier во својата единствена комбинација на фактори. Значи, пронајдете своја уникатна комбинација на уникатен сет на вештини, знаење, експертиза, перспективи, мрежи и опкружување и станете свој Outlier.

    2. Врвна точка: Како малите нешта можат да направат голема разлика, од Малколм Гладвел (The Tipping Point: How Little Things Can Make a Big Difference) (купи на Амазон)
    Во оваа книга се зборува за тоа како малите, навидум безначајни акции можат да имаат огромно влијание и да доведат до големи промени. Добиваме перспектива за тоа како идеите и однесувањата може да се шират како “вируси” и кои фактори придонесуваат за нивниот успех. Исто така, добиваме разбирање за тоа како дури и малите промени можат да имаат големо влијание врз начинот на кој луѓето размислуваат и се однесуваат и како малите акции можат да имаат брановиден ефект и да го променат светот.Затоа, секогаш кога мислите дека нешто е премногу мало и безначајно и нема да направи ништо вредно, размислете повторно, а можеби и за промена, тргнете кон тоа – затоа што комбинацијата од мали, незначителни сет на акции всушност може да придонесе за „пресвртната“ точка.

    3. Размисли повторно: Моќта да се знае она што не го знаеш, од Адам Грант (Think Again: The Power of Knowing What You Don’t Know) (купи тука)

    Во оваа книга, Грант нè охрабрува да ги преиспитаме нашите верувања, претпоставки и специфична експертиза што ја имаме и да разгледаме алтернативни гледишта. Тој тврди дека способноста да „размислиме повторно“ и да го промениме мислењето е од суштинско значење за растот и успехот. Со практични примери и корисни совети, Грант ги илустрира придобивките од отворениот ум и важноста од прифаќање на промените.

    Значи, способноста или како тој би рекол, вештината да бидеме отворени и подготвени да ги преиспитаме нашите фиксни верувања, знаење, претпоставки и експертиза, дека сме апсолутно сигурни дека го знаеме најдоброто – и да бидеме отворени да го промениме мислењето и да разгледаме различни перспективи е од клучно значење за личен и професионален успех.

    4. Бучава: пропуст во човечкото расудување, од Даниел Канеман, Оливие Сибони и Кас Р. Санштајн (Noise: A Flaw in Human Judgment) (купи тука)

    Во оваа книга се запознаваме со многуте начини на кои човечкото расудување може да биде погрешно и како овие недостатоци можат да имаат сериозни последици во различни контексти, како што се донесување одлуки, проценка на ризик и анализа на политиките. Учиме за психолошките предрасуди кои можат да доведат до лошо расудување и стратегии за подобрување на донесувањето одлуки.

    Значи, разберете ги различните видови „шум“ и бидете свесни за нив при вашето секојдневно одлучување.

    5. Фактичност: Десет причини зошто грешиме за светот од Ханс Рослинг, Ана Рослинг Ронлунд и Ола Рослинг (Factfulness: Ten Reasons We’re Wrong About the World) (купи тука)


    Во оваа книга дознаваме дека многу од нашите предрасуди за светот се погрешни и дека често имаме пристрасен поглед на реалноста. Ќе најдеме докази за поддршка на тврдењата и ќе прочитаме за практични стратегии за тоа како да ги надминеме нашите предрасуди и да го видиме светот попрецизно.

    Авторите ја покажуваат моќта на размислувањето засновано на факти и важноста да се биде отворен за нови информации.

    Значи, со брзата глобализација и сите глобални предизвици со кои се соочуваме, од клучно значење е да имаме вистинито, точно и глобално разбирање за целиот свет околу нас.

    ______

    За да завршиме, понекогаш на сите ни требаат неколку освежувачки зборови за да не оддалечат од нашиот секојдневен живот и од нашето постојано „тркало“, па овој сет на книги се надеваме дека ќе го донесе токму тоа. 🙂

    Кое е вашето мислење за некоја од книгите? Дали веќе ги имате прочитано? Слободно пишете ми на [email protected] или на LinkedIn профилот.

    Среќно читање и среќни нови перспективи!

    Доколку сакате да прочитате повеќе од моите блогови на други теми, посетете го мојот блог.

    Автор: Даринка Буровска

    __________

    • Даринка Буровска е консултант за продукт менаџмент во стартапи и компании во Берлин и е ментор во Brainster на академијата за Продукт Менаџмент. Воедно, Даринка е кариерен ментор и Амбасадор на Google на програмата за Woman In Tech. Има менторирано тимови и индивидуалци во промена на кариерите во ИТ индустријата како и нови процеси за продукт менаџмент.

    Дознај повеќе за курсевите на Даринка:

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично