Данскиот пензиски фонд AkademikerPension во понеделникот објави дека го продава својот удел во буџетската авиокомпанија Wizz Air поради наводни „злоупотреба на човековите и работничките права“ кон нејзините работници. Фондот „тежок“ 23 милијарди долари беше еден од 14-те инвеститори кои го повикаа Wizz во декември да им дозволи на вработените да формираат синдикати и да се приклучат на нив, велејќи дека нивното истражување сугерира дека ја обесхрабрува практиката на кршење на правата на персоналот.
AkademikerPension во понеделникот соопшти дека, откако не добиле докази дека ќе се променат практиките на авиокомпанијата, ти почнале со продажба на својот влог во компанијата, кој е повеќе од 3 милиони долари. Пазарната вредност на Wizz Air, инаку, е околу 6 милијарди долари.
„Wizz Air го сфаќа ангажманот со своите вработени многу сериозно и уверени сме дека нашите структури и процеси кои беа воспоставени за поддршка на отворениот и транспарентен ангажман работат исклучително добро, вклучувајќи го и нашиот Народен совет, кој обезбедува форум за вработените да разговараат за важни проблеми“, се вели во соопштението кое го испрати авиокомпанијата.
Авиопревозникот, исто така, укажа на плановите да ангажира повеќе од 1.000 вработени во наредните месеци и рече дека ги вратил платите на кабинскиот екипаж и персоналот на нивоа пред пандемијата, бидејќи индустријата закрепнува од пандемијата.