ПОВЕЌЕ

    ДАЛИ ЗАКОНОТ ЗА ЗАБРАНА НА НЕФЕР ТРГОВСКИ ПРАКТИКИ ќе донесе ред и ќе ги намали цените на производите?

    Време зa читање: 3 минути

    Властите и засегнатите страни постигнааа договор во однос на Законот за забрана на нефер трговски практики и сѐ е подготвено за да почне да се применува долгоочекуваното законско решение кое треба да направи ред во ланецот на трговија.

    Во недела на сила треба да стапи Законот за забрана на нефер трговски практики, а со него опфатени се околу 2.500 производи на кои профитната маржа не смее да им биде поголема од 10 отсто. На тој начин трговците нема да може да заработуваат на грбот на граѓаните. Добар дел од маркетите имаа производи со маржи и до 50 отсто. Надлежните најавуваат дека континуирано ќе се следат цените во трговијата со храна и инспекторите нема да имаат милост.

    Очекувањата се дека со неговата примена трајно треба да се стави ред во хаосот со цените.

    Според неодамнешните размислувања на економистите, пред да се примени Законот, треба да се види дали се високи маржите или, пак, набавната цена. Така, на пример, некој производ може има висока набавна цена, а маржата е само 10 отсто. Тие сметаат дека со примена на Законот, многу маркети ќе ги редуцираат производите што ги продаваат, особено оние што имаат повисока маржа и пократок рок на траење.

    Според Ангел Димитров, претседател на Собранието на Организација на работодавци на Македонија, Законот за забрана на нефер трговски практики треба да воспостави одреден ред во синџирот на снабдување со земјоделски производи.
    -Факт е дека до сега откупувачите и трговците ги ставаа земјоделските производители во подредена состојба според правилото земи или остави. Прво ќе мора да се склучи писмен Договор за снабдување со земјоделски и прехранбени производи, во кој ќе се регулираат односите помеѓу производителот и купувачите што досега не беше пракса. По тоа се забранува откажување на нарачките и менување на условите од договорите  и одредени надоместоци кои трговците ги бараа, како за внесување на нов производ или, пак, за истражување на пазарот и други „финти“ кои трговците ги користеа за сметка на производителите – објаснува Димитров.

    Како што вели тој за порталот „Пари“, голем недостаток на законот е контролата и надзорот кој е предвидено да го прави комисијата за заштита на конкуренција, која нема доволно капацитети да го контролира спроведувањето на еден ваков закон. Поголема надлежност врз спроведувањето на овој закон треба да има пазарниот инспекторат кој е секојдневно на терен и има подобар увид во состојбите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично