
По поразот на локалните избори, СДСМ влезе во период на сериозно преиспитување, со отворени прашања за одговорноста, насоката и идентитетот на партијата. Во јавноста доминира дилемата дали процесот на консолидација е суштински или само формален. Фатмир Битиќи од СДСМ во поткастот „Каде се парите?“ зборува за тоа што реално се случувало во партијата по изборите, дали е направена вистинска анализа и дали фокусот повторно е вратен кон базата и кон социјал – демократските вредности. Конгресот на 24 јануари го посочува како клучен момент не само за отчет, туку и за дефинирање на идната политичка платформа и насоката на СДСМ во опозиција.
„Овој период сметам дека беше доволен период во кој што треба вистински да се видат состојбите и да се почне да се работи од базата. Мислам дека тоа се направи. Сега мораме да признаеме дека од локалните избори имаше период на одмори, празници и така натаму, па не можеш многу да се занимаваш во партијата. Мислам дека отчетниот конгрес на 24. јануари е форум во кој што ќе се дискутираат прво, кои се основните причини, но мислам дека многу повеќе ќе се дискутира како понатаму и која е платформата која што понатаму би требало да се понуди, заснивана на вистинските социјал – демократски вредности…“
Фатмир Битиќи, СДСМ и поранешен вицепремиер за економија
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








