ПОВЕЌЕ

    ДА СЕ СТАНЕ ЛИДЕР НЕ ЗНАЧИ ДА СЕ СЛУШНЕ ЕДНО ПРЕДАВАЊЕ – Павле Зимбаков во New Biz

    Време зa читање: 3 минути

    Павле Зимбаков, консултант со експертиза во стратешко планирање, организациско однесување, развој на тимови за продажба и преговарање, развој на лидерски и менаџерски вештини, над 20 години искуство во областа со докажана историја на работа – позади себе има голем број на успешни обуки во најголемите компании во Македонија. Во оваа епизода на New Biz Podcast Наташа Велковска разговара со него за развојот на лидерски вештини како клучен фактор за развој на секоја компанија.

    Во однос на процесот, обука, едукација, промена, Зимбаков вели дека се соочува со стручност и нестручност, иако има подобрување, но сепак има моменти на „мене ми е вака смислено и вака треба да се изреализира, ама после тоа барам и резултат во основа на тоа што сакам да се изреализира„ и тоа не е возможно, па затоа смета дека обуките се клучни.

    „Но генерално изминативе години имаме напредок, имаме компании коишто вложуваат, за разлика од пред 15 години, кога газдите кои организираа обуки им беше како фалба. Сега веќе не сум почувствувал таквото нешто, и најчесто почнуваат од комуникациски вештини. А тоа е најбитно во компанијата и без комуникација не се продолжува никаде понатаму. А тешката артилерија е поскапата артилерија најчесто. Обука за лидерство не може да трае еден ден. Обуката за комуникациски вештини не треба да трае еден ден. Обука за лидерство, обука за менаџмент е процес и треба да биде процес. И не може од еднодневна обука да се стане лидер, треба да се помине време, да се биде посветен“, објаснува Зимбаков.

    Но што вклучуваат обуките, кога еден човек може да се стекне со некакви лидерски способности.

    КАКО ХОБИТО ПРЕРАСНАЛО ВО КОНСУЛТАНТСКИ БИЗНИС – Павле Зимбаков во New Biz

    „Мојата обука за лидерство, која јас ја нудам, е составена од 10 сесии, обработува 20-21 тема. Тие 10 сесии може да бидат на динамика од еднаш неделно до еднаш месечно. И низ разговор со учениците тие сами констатирале дека некаде на втората, третата сесија сфатиле дека ова што го зборам, тие немаат поима и дека реално им требало обуката. А дека после 10-тата сесија, сфатиле дека прилично научиле, ама дека уште немаат баш стекнато некое високо знаење. Така што веројатно ќе треба уште малку повеќе да вложам во себе во однос на се и да го проширам на некој начин, бидејќи на една сесија обработуваме две теми, и да, ние ги обработуваме супер, со многу дискусија, со многу видео, со реални ситуации и така натаму, но сепак потребен е постојан процес на учење, како и многу читање на книги од областа“, раскажува Зимбаков.

    Тој додава дека често се случува во некоја група од шест – седумнаесет луѓе некој да знае се, еден којшто пробува да направи остранување на вниманието на сите и кој што пробува да се покажа и да се докажа.

    „За моја среќа, моите обуки не се оние кои што ја застанувам и држам обука со презентација и само си ја следам презентацијата, туку напротив, отворам дискусии, и таквите луѓе често можат и да се изнакажат. Научив со тек на време, покрај тоа како да одржам обуката и како да ја модерирам дискусијата, затоа што тоа е некоја вештина која што треба. Така што се модерира таков систем на дискусија.“, истакнува Зимбаков.

    Целата епизода и слични на оваа се достапни на  New Biz Podcast

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично