ПОВЕЌЕ

    „ДА НЕ ИГРАМЕ РУСКИ РУЛЕТ СО МИЛИОНИ ЛУЃЕ“, му одговори на Трамп шпанскиот премиер Санчез на заканата за прекин на трговијата

    Време зa читање: 2 минути

    Шпанскиот премиер Педро Санчез во средата ги ескалираше своите критики за американските напади врз Иран, опишувајќи го ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток како „катастрофа“.

    Неговите коментари доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ја прекине трговијата со Мадрид откако владата на Шпанија не дозволи две заеднички управувани бази на нејзина територија да бидат користени во нападите.

    „Шпанија беше ужасна“, рече Трамп во вторник, за време на прес-конференцијата во Белата куќа заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц. „Ќе ја прекинеме целата трговија со Шпанија. Не сакаме ништо да имаме со Шпанија“, додаде тој.

    Во телевизиско обраќање во среда наутро, Санчез рече: „Многу често големите војни започнуваат со низа настани што излегуваат од контрола поради погрешни пресметки, технички дефекти и непредвидени околности. Затоа, мора да учиме од историјата и не можеме да играме руски рулет со судбината на милиони“, објави CNBC.

    Санчез предупреди на „повторување на грешките од минатото“, правејќи споредба со инвазијата на Ирак на почетокот на 2000-тите, и го сумираше ставот на владата како: „Не на војната“.

    Социјалистичкиот премиер на Шпанија се појави како еден од водечките критичари на нападите на САД и Израел врз Иран меѓу лидерите на земјите од ЕУ.

    Најновите коментари на Трамп доаѓаат по неговата осуда на одбивањето на Мадрид да ја исполни целта на НАТО за трошоци за одбрана од 5% од БДП.

    Шпанскиот индекс Ibex 35 се тргуваше за 1,4% повисоко околу 10:17 часот наутро по лондонско време, враќајќи ги претходните загуби поради трговските немири во САД. Паневропскиот индекс Stoxx 600, во меѓувреме, напредуваше за околу 1,2%.

    Заканата на Трамп да ја казни Шпанија во трговијата би била прроблематична, со оглед на тоа што 27-те земји од ЕУ преговараат за трговски договори колективно. „Наивно е да се верува дека демократијата или почитувањето меѓу народите можат да произлезат од урнатини, или да се мисли дека слепата и ропска послушност е форма на лидерство. Напротив, верувам дека оваа позиција е лидерство“, рече Санчез.

    „Ние нема да бидеме соучесници во нешто што е лошо за светот и спротивно на нашите вредности и интереси само од страв од одмазда од некого“, додаде тој.

    (Фото: European Union)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично