Пандемијата „Ковид-19“ ја чини глобалната економија околу 375 милијарди американски долари месечно, проценува Меѓународниот монетарен фонд. Само земјите од Г-20 имаат инвестирано повеќе пари во фискални стимуланси од целиот свет за да ја поправат штетата предизвикана од претходната, финансиска криза.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) проценува дека пандемијата ја чини глобалната економија 375 милијарди американски долари месечно.
„Аналитичарите на ММФ, исто така, предвидуваат кумулативна загуба на глобалната економија во текот на две години од над 12 милијарди американски долари“, рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Греберезус, на прес-конференција.
Според него, светот веќе потроши милијарди во справувањето со краткорочните последици од пандемијата. Само Г20 инвестираше повеќе од 10 трилиони долари во фискален стимул за да ги ублажи ефектите од пандемијата, рече Тедрос.
„Тоа е три и пол пати повеќе од она што светот го потроши за санирање на претходната, финансиска криза“, рече тој.
Тедрос истакна дека финансирањето на акцелераторот на СЗО е најдобриот економски двигател во кој светот може да инвестира.
Акцелераторот е единствената глобална иницијатива што ги обединува сите глобални регулаторни набавки и набавката на средства потребни за да се стави крај на пандемијата, додаде тој.