Во билтенот за август месец 2021 година, кој го објави Македонска берза може да ги споредиме акциите кои се со најголем пораст, и пад на вредноста.
Според билтенот најголем пораст имаат акциите на НЛБ Банка со раст од 14,88%, потоа следат акциите на Мермерен комбинат Прилеп со раст од 13,64%, Гранит Скопје со раст од 11,95%, акцијата на Тетекс Тетово забележа раст од 11,64 % и последна во топ акции со најголем пораст е акцијата на Стопанска банка Скопје со раст од 11,56%.
Акции со најголем пад за месец август се: Сковин Скопје од -78%, а потоа следат Тајмиште Кичево(-37,42%), Бетон Скопје (-12,67%), Триглав осигурување Скопје (-9,09%), Стопанска банка Битола(-4,04%).