Цените на храната во угостителството се повисоки за 7,8 насто, алкохолните пијалаци поскапеле за 8,7 насто, а безалкохолните за 5,3 насто. Поевтини се само ноќевањата – за 12,1 отсто. Како резултат на овие ценовни промени, вкупните цени во угостителството бележат годишен раст од 3,5 насто. Податоците на Државниот завод за статистика се однесуваат на декември 2025 година во споредба со декември 2024 година.
Во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на истиот период од 2024 година, цените во угостителството се зголемени за 4,8 насто. Притоа, регистрирани се зголемувања од 6 насто кај храната, 6,9 насто кај алкохолните и 5,9 насто кај безалкохолните пијалаци.

Кај ноќевањата, просечното ценовно ниво во 2025 година е речиси исто како и во 2024 година (-0,2 %).
Во однос на просечните цени во 2024 година, цените во декември 2025 година се повисоки за 6,1 насто на вкупно ниво. Најизразен раст е забележан кај алкохолните пијалаци (10,7 %), храната (8,5 %) и безалкохолните пијалаци (7,7 %), додека кај ноќевањата цените се за 4,4 отсто пониски од просекот во 2024 година.
Како позитивен сигнал може да се смета тоа што нема месечни корекции кај цените на угостителските услуги – во декември тие останале на нивото од ноември, и тоа кај вкупниот индекс, како и кај сите поединечни групи услуги.
(Фото: Freepik)
Аналитика








