ПОВЕЌЕ

    Цените на нафтата пред состанокот на производителите

    Време зa читање: 2 минути

    Цените на нафтата пораснаа денес под влијание на пониските акции во САД и додека инвеститорите ја чекаат одлука од клучните производители за тоа дали ќе продолжат да го применуваат намалениот режим на испорака и во втората половина од годинава.

    Барел брент нафтата порасна 17 центи и сега чини 74,79 долари, а барел сурова нафта во САД за испораки, во август порасна 21 цент и се продаде за 74,45 долари, што е највисоко од 2018 година.

    Цената на нафтата се зголеми на почетокот на летото, заради зголемениот број на патувања и порастот на бројот на луѓе вакцинирани против Ковид 19.

    Аналитичарите предвидуваат поголем дефицит на глобално ниво во втората половина на годината, бидејќи членовите на ОПЕК и другите производители продолжуваат да испорачуваат помали количини додека побарувачката за гориво расте.

    На нивниот денешен состанок ќе се одлучи дали производството на нафта ќе се задржи на сегашното ниво или испораките ќе бидат зголемени за умерени 0,5 милиони барели дневно во август.

    Се очекува дискусијата за намалување на производството да продолжи и по април 2022 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично