Цените на течниот природен гас (LNG) во Европа паѓаат и покрај ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас и нарушувањата на меѓународниот транспорт преку Црвеното Море.
„Ако ги гледаме само цените, се чини дека кризата е завршена, но зависиме од глобалните фактори кои можат брзо да се променат“, рече Балинт Конч, шеф на трговијата со гас во MET International во Швајцарија.
Повеќето нови транзитни капацитети за течен природен гас, без оглед на големите инвестиции, нема да бидат пуштени во употреба пред 2025 или 2026 година.
Договорот за транзит на гас од Русија преку Украина до земјите од Западна и Централна Европа истекува на крајот на 2024 година, а нема информации дали ќе биде продолжен, пренесува ТАШ.