ПОВЕЌЕ

    Цената на водата за наводнување ќе се одржува со пловечки фотоволтаици – Грант од Шпанија за изработка на техничка студија

    Време зa читање: 2 минути

    Со грант од 765.158 евра за подготовка на техничка студија, Националната мрежа за наводнување на земјоделски површини ќе добие фотоволтаици кои ќе пловат по водите и ќе обезбедуваат електрична енергија за АД „Водостопанство“. Реализацијата на активностите е поделен во неколку фази. Првата предвидува идентификување локации за поставување на пловечки фотоволтаични постројки, втората опфаќа развој на концептен дизајн и физибилити студија, а третата – подготовка на предлог проекти за поставување на пловечки фотоволтаични постројки.

    Проектот е со поддршка на амбасадата на Шпанија во Македонија, а шпанската компанија „Глобалтек“ во период од десет месеци треба да го направи концептниот дизајн и физибилити студијата. Во присуство на амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија, Договорот го потпишаа министерот за земјоделство Љупчо Николовски и Хавиер Валеро од  „Глобалтек“.

    Наводнувањето е една од клучните заложби на Министерството, укажа министерот Николовски, нагласувајќи дека ова е прв ваков проект во државата, а можеби и во регионот. Притоа, посочи дека Шпанија и Белгија имаат големо искуство со пловечките фотоволтаици. А, парите се од Европскиот план за закрепнување, трансформација и отпорност, поддржани од Министерството за индустрија, трговија и туризам на Шпанија.

    Целта е да му се помогне на земјоделството и на овој начин треба да се задржи цената за водните услуги што сега ја плаќаат земјоделците. Значајно е и тоа што панелите на вода не зафаќаат плодно земјиште.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично