Нa светските пазари, цената на нафтата значително се зголеми минатата недела, и тоа вторпат по ред, достигнувајќи го највисокото ниво во последните две години, бидејќи трговците очекуваат побарувачката на нафта да продолжи да се зголемува и понатаму благодарение на заздравувањето на најголемите економии во светот.
На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 3,2 проценти минатата недела, односно на 71,89 долари, а во петокот во еден момент, за прв пат од мај 2019 година, достигна ниво од 72 долари.
На американскиот пазар, цената на барелот скокна скоро 5 проценти, и тоа на 69,62 долари, близу до највисокото ниво од октомври 2018 година.