Цената на нафтата денес се искачи на близу 70 американски долари за барел под влијание на прогнозата за зголемување на побарувачката во следниот квартал, додека инвеститорите го чекаат следниот состанок на групата Опек плус оваа недела и нејзините одлуки.
Барел брент нафтата поскапе за 69 центи и сега чини 69,41 долар. Барел суровата нафта во САД чини 67 долари откако порасна за еден процент.
Американскиот и британскиот пазар се затворени денес поради државните празници.
„И покрај ограничувањата за мобилноста кои сè уште се на сила, побарувачката за нафта динамично се опоравува низ целиот свет“.
Иран од април преговара со светските сили за чекорите што треба да ги преземат Техеран и Вашингтон во врска со нуклеарните активности и санкциите со цел Исламската Република да се врати во целосна почит кон нуклеарниот пакт од 2015 година.