ПОВЕЌЕ

    Чекор поблиску до нето-нула: Скопскиот аеродром со АЦИ сертификат „Ниво 3“ за намалување на јаглеродните емисии

    Време зa читање: 2 минути

    Скопскиот аеродром ги намалува штетните емисии на јаглерод. Потврда за тоа е сертификатот со „Ниво 3“ доделен од Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International – ACI) во рамките на нивната глобална програма за акредитација управување со емисии на јаглерод на аеродроми (Airport Carbon Accreditation – ACA).

    Таа сертификација е показател дека Меѓународниот аеродром Скопје ефикасно управува и ги намалува своите емисии на јаглерод. Истовремено, активно ги ангажира и своите партнери во нивното управување со емисиите на јаглерод.

    „Ваквите акредитации се јасна потврда за посветеноста на ТАВ Македонија кон одговорно управување со животната средина и примена на најдобрите меѓународни практики во одржливото воздухопловство. Достигнувањето на Ниво 3 за Меѓународниот Аеродром Скопје претставува значаен напредок во нашите напори за намалување на влијанието на јаглеродот и подобрување на енергетската ефикасност, со цел да се обезбеди одржлива иднина за македонското воздухопловство“, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

    До третото ниво, велат од ТАВ Македонија, се дошло по спроведувањето на повеќе значајни мерки. Се наведуваат: оптимизирање на потрошувачката на енергија и надградба на LED системи за осветлување; воведување програми за енергетски перформанси за системи за греење, ладење и вентилација; распоредување на електрична аеродромска опрема и еколошки возила; проширување на обновливи извори на енергија и соработка со авиокомпании и партнери и воспоставување платформа за климатска акција за следење и намалување на емисиите.

    Со постигнување на Ниво 3, Меѓународниот Аеродром Скопје управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и дел од Групацијата АДП не само што го намалува сопствениот јаглероден отпечаток, туку ги вклучува и партнерите и пошироката воздухопловна заедница нао патот кон нето-нулта емисии на јаглерод до 2050 година.

    (Фото: ТАВ Македонија)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично