ПОВЕЌЕ

    CEED Македонија за прв пат со БЕСПЛАТЕН пакет за зачленување

    Време зa читање: 3 минути

    CEED Македонија е водечки бизнис клуб во нашата држава со уникатна платформа за вмрежување и до-едукација.

    Од основањето во 2007 година работиме на до-едукација и вмрежување на преку 2000 членки во светот воедно сме и дел од меѓународната мрежа на CEED претприемачки центри, оперативни низ 18 држави, на 4 континенти.

    Нашето верување е дека единствено преку развој и поддршка меѓу сопствениците на бизниси може да се трансформира бизнис климата и инспирираме полово еднаква, претприемачки ориентирана младина.

    За таа цел после 15 години искуство и многу научени лекции, конечно членувањето го отвораме БЕСПЛАТНО за нови компании кои ги исполнуваат критериумите и кои ќе бидат формално поканети од Комитетот за евалуација.

    Од пред неколку месеци лидерство над организацијата зема Филип Димитровски, ко-основач и сопственик на неколку бизниси, кој заедно со неговиот Founder’s circle, односно членките кои претставуваат одбор на директори кои се одговорни за дефинирање на стратегијата, мисијата и визијата на организацијата како и годишниот план на истата го реструктурираа Бизнис клубот, воведовме нови производи и допрва ќе има нови услуги кои дополнително ќе ја зацврстат позицијата и доминацијата на клубот во државата и во регионот.

    Членките кои се дел од привилегираниот Founder’s circle засега се: Бизнис мрежаПикселБреинстер и Прилепска пиварница .

    Критериумите за станување член се::

    • ФАЗА НА РАСТ CEED Бизнис клубот е за “scale ups”. Претприемачите го имаат пронајдено своето место на пазарот, имаат продукт-маркет фит и се на пат кон следната фаза на експанзија и интернационализација. Имаат минимум од 5 вработени.
    • – ВИСИНА НА ПРИХОДИ: CEED бара претприемачи кои градат бизниси со скалабилни и потенцијално иновативни и дисруптивни бизнис модели. Компаниите имаат минимум годишен приход од 150к ЕУР.
    • – ОСТАНАТИ АСПЕКТИ:Времетраење на пазарот, Комплексност на организацијата и земјата на потекло на самиот бизнис.

    Сметаш дека твојата компанија ги исполнува критериумите наведени погоре и си заинтересиран да дознаш повеќе за CEED Македонија?

    Бесплатниот пакет ги вклучува следниве услуги и бенефити:

    • Услуга за 1 на 1 поврзување со членка *
    • Пристап до Актуелни бизнис информации
    • Пристап до Подкаст
    • Пристап до Совети за вмрежување
    • Пристап до Вебинар
    • Извештаи за импактот на CEED

    * Услугата 1 на 1 поврзување со членка е ограничена на еднаш (1) во текот на годината

    CEED Македонија го задржува дискреционото право на база на дефинираните критериуми да направи објективна анализа и одлучи по основ на апликација за членување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично