Царинските услуги ќе се модернизирааат со финансиска поддршка од Република Кореја. Системот за податочен склад и анализа на ризик во кој се вложени 4,75 милиони евра ќе биде промовиран денес во Царинската управа.
Со неговата примена во царинското работење ќе се унапреди анализата на ризици, ќе се подобри обработката на податоци и ќе зајакне ефикасноста во работењето на царинските служби.
Во присуство на претставници на државните институции од двете земји, за можностите на Системот ќе говорат директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, и директорот на Царинскиот сервис на Република Кореја, Ли Мијонг Ку.
Прес-конференцијата ќе следи по состанокот што ќе се одржи на високо ниво, информираат од Царинската управа.
Аналитика








