ПОВЕЌЕ

    Се укинуваат царините за 71 суровина

    Време зa читање: 2 минути

    „На денешната седница на Влада, на предлог на Министерството за економија, донесена е одлука за УКИНУВАЊЕ на увозните давачки – царинските стапки за 71 одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија.“, објави вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи.

    Тој откри дека оваа одлука ќе стапи во сила од 1. февруари, и дека финансиските импликации ќе бидат околу 7,1 милиони евра

    „Одлуката ќе влезе во сила од 1ви февруари и ќе важи една година, во која паралелно ќе работиме на намалување и укинување на некои од царинските давачки и усогласување со европската регулатива. Ова е прва мерка од новиот Петти пакет економски мерки, кои ќе ја рестартираат, закрепнат и ревитализираат домашната економија. Укинувањето на увозните давачки – царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали за преработувачката индустрија ќе влијаат на зголемувањето на производството, како и зголемување на конкурентноста и извозот на домашните производи. Финансиските импликации од оваа мерка, според Министерството за финансии се околу 7,1 милиони евра. Државата е партнер на граѓаните и стопанството.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично