По шести пат во континуитет тимот на Комерцијална банка го освои првото место во штафетната трка на Business run. Златната маратонска четворка на Банката беше непобедлива и оваа година и покрај конкуренцијата од 64 компаниски тимови.
Најбрзиот штафетен тим на Комерцијална банка повторно беше во состав Снежана Димовска, Миомир Алексовски, Маријан Шамовски и Денис Димески. А, најбрз во машка конкуренција повторно беше Миомир Алексовски.
Банката се гордее со своите маратонци, кои се вистински професионалци во секој сфера во која делуваат. Токму професионалниот дух, посветеност и одговорност ги прави успешни и на работното место и во трчањето.
Браво шампиони!